Познато е во која доба жените се чувствуваат НАЈДОБРО и имаат најголема САМОДОВЕРБА

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познато е во која доба жените се чувствуваат НАЈДОБРО и имаат најголема САМОДОВЕРБА

Интересни резултати даде истражување за тоа во која доба жените се чувствуваат најдобро и кога имаат најголема самодоверба. Имено студијата  покажа дека жените на 34 години се чувствуваат најсекси, но и дека средовечните жени имаат за половина помалку секс од тоа кога биле помлади.

Сепак, 56 проценти изјавиле дека уживаат во сексот многу повеќе по триесетгодишна возраст отколку кога биле помлади. Исто така, покажано е дека жените на возраст меѓу 45 и 60 години водат љубов четири и пол пати месечно, што е за повеќе од половина исто колку и кога биле во дваесеттите и триесеттите години, затоа што тогаш имале секс 10,5 пати месечно. Ова докажува дека за жените поважен е квалитетот од квантитетот. На прашањето кога се чувствуваат најсекси, тие изјавиле дека тоа било кога имале 34 години

Сексуалните потреби на жените, либидото и начинот на живот се менуваат со текот на времето, но нема зошто да не уживаат исполнет сексуален живот во средовечноста и староста. Фактот дека скоро половина од испитаниците кои имаат повеќе од четириесет години признаваат дека сега уживаат во сексот повеќе отколку кога биле во дваесеттите и триесеттите години, укажува на тоа дека жените се постари, посигурни и не се плашат да го добијат она што го сакаат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата