Единствено место во свет каде што парите растат на дрво...

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Единствено место во свет каде што парите растат на дрво...

Во гратчето Скагвеј на Аљаска, кое на индијански значи место на кое дува северен ветар, парите растат на дрво, но не буквално.

Иглиците од смрека играат важна улога во економијата на ова гратче бидејќи локалното население ги продава за пари или во замена за други намирници.

Верувале или не со иглиците од смрека можете да плаќате при купување бидејќи таму тие служат како валута.

Ова е мало село на доста одалечено место со само 1000 жители. Иглиците на смрчкта кои се наоѓат во вид на зелени пупки на гранките на ова дрво се заменуваат за кеш, или за храна, кафе, огрев...

Во Скагвен можете да порачате пиво со арома на иглици од смрека како и сладолед.

Секоја година работници од пивара собираат 100 кгр. иглици, а локалното население дополнителни 100 кгр. за приватна потреба. Секој може да учествува во берба, само е важно да се одвива на места на кои со закон е дозволено собирање иглици.

Важно е иглиците да не се собираат од едно исто дрво и да биде сезона на берба.

Мештаните на ова село знаат дека мора да ја почитуваат природата и да ја чуваат бидејќи само така ќе ја зачуваат за наредните генерации.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата