Литванија и Норвешка разменија шпиони со Русија

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Литванија и Норвешка разменија шпиони со Русија

Двајца Литванци и Норвежанин, кои во Русија беа осудени за шпионажа, се ослободени во замена за двајца Руси, кои беа во затвор во Литванија.

Литванците Евгени Матаитис и Аристидис Тамосаитис, кои беа осудени во 2016 година, пристигна аво своите домови, а Норвежанецот Фроде Берг, осуден во Русија на 14 години затвор, беше предаден на норвешката амбасада во Вилнус, откако се преминал во Литванија.

Претходно денеска, литванскиот претседател Гитанас Науседа ги помилува Русите Николај Филипченко и Сергеј Мојсееко.

Локалните медиуми соопоштија дека размената на шпиони се случила напладне на границата на Литванија и руската ексклава Калининград.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата