Венеција се подготвува за нов воден удар, нивото ќе се зголеми до метар и пол

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венеција се подготвува за нов воден удар, нивото ќе се зголеми до метар и пол

Нивото на водата во Венеција повторно расте, откако пред три дена беше забележано највисоко ниво на поплави во последните 50 години.

Се предвидува водата денеска да се искачи на 160 сантиметри, што е многу над нормалната граница.

На Плоштадот Свети Марко водата сега достига до колената на минувачите.

Италијанската Влада прогласи вонредна состојба во Венеција откако нивото на водата се искачи на 187 сантиметри.

Поплавите во Венеција се предизвикани од обилните дождови, полната Месечина, високата плима и ветерот.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро предупреди за сериозни штети.

„Ситуацијата е драматична. Ќе побараме од владата да ни помогне зашто цената ќе биде висока“, напиша Бруњаро на „Твитер“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата