Богдановиќ за плацот кај „Авто Македонија“: Не верувам дека некој ќе се потепа за изградба на катна гаража!

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Богдановиќ за плацот кај „Авто Македонија“: Не верувам дека некој ќе се потепа за изградба на катна гаража!

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на денешна прес-конференција говореше за ситуацијата со парцелата кај „Авто Македонија“ и најавата на инвеститорот „Никофон“ за изградба на барокна катна гаража.

Од обвинителството во текот на вчерашниот ден реагираа дека материјалите од општина Центар не биле целосни, додека, пак, Богдановиќ има своја страна на целата ситуација.

„До обвинителството е доставен предмет за доставка на 72 списи. Општината постапила согласно барањата на надлежните органи, доставени се сите документи, а од обвинителство, доставивме и списи до МВР, прилог, записници. Од обвинителство не ни кажале што ни недостасува. Оттаму поднеле обвиненија и била поднесена кривична пријава. Ние не сме истражен орган и треба побрзо да се постапи. Не верувам дека некој ќе се потепа за изградба на катна гаража, затоа што не знам колку е тоа исплатливо и јасно било дека намерата била сосема друга“, истакна Богдановиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата