Од Град Скопје тврдат: Црешите биле болни, ги разболеле компаниите кои ги чистеле објектите во близина со опасни хемикалии

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од Град Скопје тврдат: Црешите биле болни, ги разболеле компаниите кои ги чистеле објектите во близина со опасни хемикалии

Сечењето на јапонските црешни, велат од Град Скопје, било на иницијатива на Општина Центар затоа што дрвјата биле болни, суви, без можност да бидат спасени и опасни за минувачите.

„По барање на Општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата „Максим Горки“. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата
година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во којашто се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните“, велат од Град Скопје и уште најавуваат дека во понеделник на овој потег ќе бидат засадени 18 нови јапонски цреши и ќе биде обновен овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата