ОСТАНАВМЕ БЕЗ ДРВЈА: Шилегов ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје?!

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОСТАНАВМЕ БЕЗ ДРВЈА: Шилегов ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје?!

Градоначалникот на градот Скопје Петре Шилегов ги исече до корен јапонските цреши кои цветаа секоја пролет во Скопје и го разубавуваа центарот на градот. Станува збор за 13 стебла на цреши кои се наоѓаат на пешачката улица „Максим Горки“. Негативните коментари веднаш започнаа да се шират на социјалните мрежи, како и револтот и разочараноста на граѓаните кон Шилегов се повеќе расте.

Познатиот режисер Владимир Милчин, пак, го изрази својот револт на фејсбук.

– Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…, напиша Милчин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата