Македонија ќе биде на агендата на европските министри следната недела, НО НЕМА ДА СЕ ДОНЕСЕ НИКАКОВ ЗАКЛУЧОК

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија ќе биде на агендата на европските министри следната недела, НО НЕМА ДА СЕ ДОНЕСЕ НИКАКОВ ЗАКЛУЧОК

На ГАК состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија, што треба да се одржи во Брисел на 19 ноември, нема да бидат донесени заклучоци за барањето на Македонија да и се одобри датум за отворање на преговорите за членство во ЕУ.

Во најавената програма за работата на европските министри се вели дека проширувањето ќе биде една од темите на разговоро, но без да се донесе било какво решение. Средбата на министрите се организира за подготовка на Европскиот Совет во средината на декември, што значи дека и во декември Македонија не може да очекува нови моменти во врска со своето барање, откако Франција стави вето на одлуката за отворање преговори за членство.

По Европскиот Совет што се одржа во октомври, Советот ќе ја разгледа состојбата со проширувањето и процесот на стабилизација. На нивниот состанок на 17 и 18 октомври лидерите на ЕУ разговараа за отворање на преговори со Албанија и со Македонија. Тие заклучија да се навратат на ова прашање пред самитот меѓу ЕУ и Западниот Балкан во Загреб во мај 2020.

Се очекува министрите да дискутираат за патот напред во пресрет на идните средби на лидерите. Во оваа фаза не е предвидено да се донесат заклучоци за Европскиот Совет – пишува во програмата за ГАК средбата која ќе се одржи следната недела во Брисел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата