„Наместо популистички мерки потребни се зголемување на продуктивноста и раст на економијата“

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Наместо популистички мерки потребни се зголемување на продуктивноста и раст на економијата“

Жаклина Пешевска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница денеска истакна дека платите треба да се зголемат со зголемување на продуктивноста на трудот и растот на економијата, не на ваков популистички начин како што го прави владата за собирање политички поени.

-Зголемувањето на платите треба да е последица на зголемувањето на продуктивноста , но тоа не е така. Овој закон владата на СДСМ го предложи во скратена постапка и имаме забелешка дека повеќе од 50 % од законите кои што се носат во ова собрание се по скратена постапка. Растот на платите треба да се темели на две основи, зголемувањето на бруто националниот доход, раст на производството, надворешни инвестиции, збогатување на внатрешниот сектор, вели Пешевска.

Пешевска исто така истакна дека Светска банка во својот извештај  ја предупредила  владата за опасноста од популистички мерки на зголемување на плати притисок, и онаму каде не постојат услови за поддршка на компаниите кога имаме намалување на продуктивноста  на трудот. Се врши притисок на полето на распределбата со тоа што се зголемуваат трошоците на работењето на компаниите, а некои од нив ќе престанат да работат.

-Во нашата програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2019–та година имавме понудено минимална нето плата од  15.000 денари за 2019 година значи поголема од 14.500 денари и во програмата овој проект се базираше на сериозни економски статистички податоци, не само со популистички закони како овој во предизборен период со недоволно објаснување. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против зголемување на платите, но не на ваков популистички начин, вели пратеничката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата