„Да се заштитат работниците во конфекциите при покачувањето на минималната плата“

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Да се заштитат работниците во конфекциите при покачувањето на минималната плата“

Да не ни се случи да ја качиме минималната плата, но да не ни се случи некој домино ефект на затварање на одредени конфекции особено во делот на Источна Македонија, истакна на денешната собраниска седница , Благица Ласовска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние ќе го поддржиме овој став за минималната плата и ќе го гласаме ова предлог законско решение, но сакам да укажам 2 до 3 дилеми кои ги имаме ние поврзани со овој закон. Едната дилема е периодот кој се носи, долгорочноста на ова законско решение базирано  не само на наши  проценки туку и на релевантни институции со кои го реализираме ова законско решение и целокупната економска состојба во државата, и самата процедура,“ вели Ласовска.

Таа потенцираше дека овие 14.500 денари не им се доволни на работниците, но постои стравување дека ќе се затворат одреден конфекции особено во источниот дел на Македонија.

Имено таа во своето обраќање ги кажа и извештаите од Светска Банка и од Монетарни фонд, а тоа се:

-Светска банка во својот извештај пред 1 месец посочува дека континуираниот пораст на платите во трудоинтензивните индустрии  придружен од падот на продуктивноста ја загрозува конкуретноста на економијата   бидејќи се зголемуваат трошоците за единица производ.

-Монетарниот фонд пак во извештајот од минатата година вели дека минималната бруто плата во земјата порасна многу повеќе во споредба со просечната бруто плата  и продуктивноста.

Ласовска додаде дека ова се сериозни пораки од релевантни финансиски светски институции кои ние како држава, а СДСМ како власт треба да ги слушне.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата