УЖАС ВО КИЧЕВО: Монструм се обидел да силува малолетничка

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЖАС ВО КИЧЕВО: Монструм се обидел да силува малолетничка

Страшен хорор доживеала малолетничка од кичевското село Зајас која била жартва на обид за силување од страна вонбрачниот партнер на нејзината мајка.

Монструмот во полиција бил пријавен од страна на Центарот за социјални работи во Кичево, а во координација со Јавен обвинител тој е лишен од слобода и одредена му е мерка притвор.

Од МВР соопштија дека на 13.11.2019 во Полициска станица Кичево од страна на Центарот за социјални работи во Кичево било пријавено дека А.А.(46) од с.Зајас, кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка. Неговата жртва е ќерка на жената со која живеел во вонбрачна заедница. Во координација со Јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата