Сопругата на сведокот кој лажно сведочеше во случајот Титаник, била вработена во Општина Ресен

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на сведокот кој лажно сведочеше во случајот Титаник, била вработена во Општина Ресен

Откако беше објавена веста за лажното сведочење на Агрон Кранлиевски за случајот „Титаник на социјалните мрежи се објавија и податоци дека непосредно пред лажното сведочење на Кранлиевски, неговата сопруга Линдита Кранлиевска била вработена во општина Ресен. Јавноста се сомнева дека ова вработување е награда заради менувањето на исказот од страна на неијзиниот сопруг. 

Ваквите вработувања и унапредувања на сведоци и вештаци на СЈО не се реткост. Во минатото јавноста дозна за неколку унапредувања во МВР на блиски лица на сведоци на СЈО како и вработувања на деца во СЈО на актуелни функционери кои во исто време се ангажирани и како вешти лица за случаите на СЈО

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата