Сопругата на Михаел ја крие вистината за легендарниот возач на Формула 1, тврди поранешниот менаџер на Шумахер

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на Михаел ја крие вистината за легендарниот возач на Формула 1, тврди поранешниот менаџер на Шумахер

Вили Вебер, поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, ги изненади сите тврдејќи дека сопругата на легендарниот возач на Формула 1, Корина Шумахер, ја крие вистината за неговото здравје.

Седумкратниот шампион на „најбрзиот циркус во светот“ се здоби со тешки повреди на главата кон крајот на декември 2013 година по скијачката несреќа на француските Алпи.

Вебер тврди дека Корина Шумахер на секој начин се обидува да го спречи да го посети стариот пријател бидејќи се плаши од вистината.

„Знам дека Шумахер е лошо, но, за жал, не знам како напредува. Корина ме спречи да го видам. Веројатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја кажам вистината. Јас целосно верувам во заздравувањето на Мајкл затоа што знам дека е борец. Ако има шанса да се спаси, ова можеби не е крај. Се молам за него и уверен сум дека повторно ќе го видиме “, рече Вебер.

Познато е дека во јануари оваа година, тој бил пренесен со хеликоптер во неговиот дом во Мајорка на неговиот 50-ти роденден.

Во средината на годината се појави вест дека тој бил пренесен во болница во Париз за да биде подложен на нов третман на лекување, меѓутоа засега во јавноста нема фотографии кои ќе покажат каква е неговата состојба.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата