САД донираа материјално-техничка опрема за македонската полиција

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД донираа материјално-техничка опрема за македонската полиција

Денеска во Центарот за обука во Идризово од страна на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз официјално на заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу му беше предадена на користење донација во најсовремена материјално-техничка опрема, вредна околу 226.000 долари, наменета за повеќе организациони единици на министерството.

На примо – предавањето на донацијата му претходеше парафирање на Договор за донација меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претставникот на Програмата за борба против тероризмот на Бирото за дипломатска безбедност на американскиот Стејт департмент, Хит Вард.

Како што истакна заменик министерот Нухиу оваа денешна донација е уште еден доказ за силното и континуирано партнерство што нашата држава го има со Соединетите Американски Држави.

„Американската влада, само преку АТА – Програмата за борба против тероризмот, од 1996 година, па наваму ни обезбеди обуки на околу 600 припадници на нашата полиција и со различни форми на помош и поддршка, инвестирала над 9,5 милиони долари во професионалното осовременување и надградба на полициските служби при МВР. Тој, и тоа како респектабилен податок укажува не само на цврстината на поддршката што ја имаме, туку и на решеноста заеднички да продолжиме на патот на квалитетно и ефикасно реформирање на нашиот безбедносен сектор“, потенцираше заменик министерот Нухиу.

Оваа донација е наменета за потребите на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, потоа Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, Центарот за обука, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, како и Секторот за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи и претставува значаен придонес во зајакнувањето и унапредувањето на капацитетите на полицијата во справувањето со криминалот, посебно во делот од борбата против глобалното зло – тероризмот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата