(Видео) Возач загина кога со камион излета во провалија на автопат во Словенија

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Возач загина кога со камион излета во провалија на автопат во Словенија

Унгарски возач на камион, на возраст од 53 години, загина во сообраќајна несреќа која утрово се случила на љубљанската обиколница.

Како што пишуваат локални медиуми, сообраќајката ја предизвикал возач на автомобил кој изгубил контрола и се судрил со приколката на товарното возило, при престигнување на камионот.

Возачот на камионот изгубил контрола и возилото излетало преку заштитната ограда, во провалија длабока околу 20 метри, пренесува „Независне новине“.

Според информациите, возачот на автомобилот не е повреден.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата