Приведен дилер од Прилеп, полицијата му нашла околу 300 грама хашиш во домот

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведен дилер од Прилеп, полицијата му нашла околу 300 грама хашиш во домот

Прилепското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп, на возраст од 43 години, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп, во домот на осомничениот на 13 ноември бил извршен претрес при што била пронајдена дрога која осомничениот ја држел неовластено заради продажба. Пронајдената дрога хашиш во количина од 364,4 грама, била спакувана во транспарентна ПВЦ фолија, завиткана во ткаенина и скриена во помошни простории до домот на осомничениот.

Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата