Денес се Козма и Дамјан, ако сте верник помолете се за болните

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес се Козма и Дамјан, ако сте верник помолете се за болните

Православните верници денес ги празнуваат светите бесребреници Козма и Дамјан. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

По народното верување н овој ден не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата