Не поминува ден без сообраќајка во Скопје: За 24 часа полесно повредени пет лица

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не поминува ден без сообраќајка во Скопје: За 24 часа полесно повредени пет лица

Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет од нив е причинета материјална штета.

Како што информира СВР Скопје во денешниот билтен санкционирани се седум возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 11 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани се и 29 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и 17 возачи за неносење на сигурносен појас.

Сообраќајната полиција издала 93 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата