ЕКСКЛУЗИВНО: Неисполнетите ветувања жестоко им се враќаат! Упатени закани кон Есад Рахиќ

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕКСКЛУЗИВНО: Неисполнетите ветувања жестоко им се враќаат! Упатени закани кон Есад Рахиќ

Есад Рахиќ, новиот директор на КПД Идризово добивал закани по живот од страна на чувар во истиот затвор, велат извори за Вечер.  Рахиќ пријавил дека загрозена му е безбедноста од страна на лицето Жарко Милошевиќ, вработен во затворот, кој му испратил СМС порака дека ќе пука во него поради неисполнетите ветувања. Ваквото дело е казниво по Член 144 од Кривичниот законик.

За потсетување лицето Жарко Милошевиќ на јавноста и е познат по тоа што претходно беше толериран кога се закануваше кон членови на опозицијата. Сега гледаме дека истиот се врти и против неговите партиски другари.

Имено неговото име во јавноста и медиумите беше споменувано при тепањето на Јане Ченто, а подоцна и Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот Идризово, токму заради неговите закани на социјалните мрежи.

Тој во преписка на Фејсбук го тагирал екс пратеникот Павле Богоевски и се заканувал на опозициски активисти со метод „Црнец во темница”, што во конкретниот разговор на Фејсбук е алузија на сексуално насилство од маж кон маж.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата