На повидок нова в*јна на естрада! Карлеуша и Неда Украден направиле хаос во ЅГ (фото/видео)

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На повидок нова в*јна на естрада! Карлеуша и Неда Украден направиле хаос во ЅГ (фото/видео)

Во новата емисија “Ѕвездите на Гранд“ која ќе се емитува оваа сабота, ќе дојде до сериозен вербален конфликт помеѓу Неда Украден и Јелена Карлеуша, судејќи по најавата.

Имено, Неда Украден како гостин ментор имала право сама да избира кандидати кои ќе ги подготвува за некои од следните кругови во ова талент шоу-програма.

Се започнало кога Јелена упатила низа критики на сметка на една од учесничките на овој натрпевар.

- Како никој никогаш не ти рекол дека не треба да се однесуваш како некоја уморна тетка? Беше досадна – и порачала Карлеуша, на што Украден се замешала.

- Тоа е погрешно! Прво ако има малку совест и одговорност, има и трема. Само будала нема трема и некој кој зева на плејбек.

- Тремата не е оправдување – останала на свое Јелена, но Неда ја прекинала на необичен начин.

- Стоп! Застани!

- Мене ни мајками не ми рекла стоп – и порачала со насмевка Карлеуша, но расправата ја прекинал Саша Поповиќ, сугерирајќи и на Неда да гласа.

- Само малку да поразговарам со нејзе! Здрави, како си? Многу си ослабела – и одговорила постарата колешка на помладата, на што Јелена само ги превртела очите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата