(Видео) Премиера на краткиот филм „Метакосмија“ во Куманово

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Премиера на краткиот филм „Метакосмија“ во Куманово

Утре, 15 ноември, со почеток во 19:30 часот во театарот во Куманово премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Метакосмија“, по сценарио и режија на Мартин Давитковски.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мирослав Петковиќ и Сања Русеска, со неколку споредни ликови и повеќе статисти.

Снимател и директор на фотографија е Марко Димитриевски, со Дејан Ангеловски како асистент на фотографија и Глигор Максимовски како светло-мајстор. Монтажата е на Виктор Пешевски, а музиката е на Egnatia.

Филмот е во продукција на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово.

Влезот ќе биде слободен за сите посетители.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата