Меган и Хари нема да го поминат Божик со кралицата 

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меган и Хари нема да го поминат Божик со кралицата 

Меган и Хари нема да го поминат Божик со кралицата. Војвотката и војводата од Сасекс решија да не го поминат Божик со кралицата Елизабета (93), пренесува „Сан“. Со својот 6-месечен син Арчи тие сакаат празниците да ги поминат дома во Виндзор или да одат кај мајката на Меган, Дорија Раглан (63).

Хари секогаш го поминувал Божик со кралицата, освен во 2012 година кога бил во Авганистан и последните две години кога бил со Меган.

„Божик во Сандрингам може да биде доста стресен, па можеби нема да сакаат да бидат таму затоа што Арчи е сè уште толку мал. Сепак, жално е. Кралицата може да биде повредена што не сакаат да бидат дел од семејниот собир. Мислам дека тоа нема никаква врска со Арчи“, рече кралскиот биограф Ингрид Сивард (71).

Вилијам и Кејт ќе бидат на семејниот собир во Сандрингам со кралицата и нивните деца, синовите Џорџ (6) и едногодишниот Луис и ќерката Шарлот (4).

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата