Трамп до Ердоган: Војската од Сирија ја повлекуваме, но НАФТАТА НЕ ЈА ДАВАМЕ

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп до Ердоган: Војската од Сирија ја повлекуваме, но НАФТАТА НЕ ЈА ДАВАМЕ

САД имаат намера да ја задржат контролата врз нафтените полиња во северо-источна Сирија, и покрај намаленото воено присуство во областа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, на средбата со турскиот колега Реџеп Тап Ердоган.

„Ние ги повлекуваме нашите трупи од таму и ги носиме повеќето од нив дома, но сепак ја задржуваме нафтата“, рече Трамп на средбата во Белата куќа.

Претходно се прошири веста дека воен конвој на САД е позициониран во близина на неколку нафтени полиња во североисточна Сирија.

Трамп исто така додаде дека прекинот на огнот во Сирија многу добро се одржува, истакнувајќи дека односот САД-Турција е добар и дека неговата администрација разговара со Курдите, кои се чини дека се задоволни.

Како што посочи тој и Ердоган за време на состанокот ќе разговараат за рускиот ракетен систем и билатералниот трговски договор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата