Во Конгресот започна јавно сослушување за отповикување на Трамп

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Конгресот започна јавно сослушување за отповикување на Трамп

Во Претставничкиот дом на американскиот конгрес почна јавното сведочење во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Сведочат највисокиот дипломатски претставник на САД во Украина, Вилијам Тејлор и советникот на државниот секретар на САД, Џорџ Кент.

Сесијата ја отвори со обраќање претседавачот со Одборот на Претставничкиот дом за разузнавачки служби, Адам Шиф, кој како што истакна, суштината на истрагата е во тоа да утврди дали претседателот Трамп ја злоупотребил службената положба и ја повикал Украина да се меша во американските избори, дали ја изнудувал или ја уценувал земјата сојузник.

Шиф рекол дека одговорите на овие прашања ќе ја погодат не само иднината на овој претседател, туку и ќе одредат што Американците можат да очекуваат од кој било иден претседател.

„Ако ова не е за отповикување, тогаш што е? Дали претседателската должност е да го почитува Уставот? “ праша Шиф.

Планирано е најпрво сведоците да изнесат воведни излагања, а потоа адвокатите и претседателката на Конгресот, ќе можат да поставуваат прашања.

По неколку недели испитување зад затворени врати, во кои учествуваа сегашни и поранешни дипломати и функционери, пратениците и оние кои ќе го следат сведоњето ширум земјата, ќе имаат можност да го слушнат и Вилијам Тејлор, моментално висок американски дипломат во Украина и Џорџ Кент, кој ги надгледува работите во Украина.

И двајцата рекле дека Трамп му вршел притисок на украинскиот претседател Зеленски да отвори истрага за еден од главните демократски предизвикувачи на изборите во 2020 година, поранешниот потпретседател Џо Бајден. Тоа било пред да ѝ биде одобрена воена помош од 391 милион долари на Украина, која Киев ја побарал за борба против проруски сили на истокот од земјата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата