ОГНЕНА ТОПКА НА НЕБОТО ГИ ЗАПРЕПАСТИ АМЕРИКАНЦИТЕ: Метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид (ВИДЕО)

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОГНЕНА ТОПКА НА НЕБОТО ГИ ЗАПРЕПАСТИ АМЕРИКАНЦИТЕ: Метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид (ВИДЕО)

Метеор од 100 килограми прелета над Мисури и го проби звучниот ѕид.

НАСА соопшти дека метеорот, сјаејќи над небото над Сент Луис, се отцепил од астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата.

Иако тежи околу 100 килограми, тој е голем колку топка за баскет, велат астрономите.

Локалните медиуми јавуваат дека на експертите им помогнале пријавите на очевидци од Јужна Дакота и Минесота и две снимки за да можат да направат реконструкција на метеорските движења.

Тие утврдиле дека понеделникот вечерта, камен метеор летал со 53.910 километри на час, предизвикувајќи силна експлозија – пробивање на звучниот ѕид.

Користејќи ја сателитската снимка, НАСА измерила дека метеорот како огнена топка на небото бил посветол од најсветлиот вечерен објект, планетата Венера.

Бил Кук, од НАСА, во Хантсвил, Алабама, рече дека метеорот се распаднал на парчиња 19,3 километри над површината на Земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата