Јункер се опоравува по операцијата на аневризма

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јункер се опоравува по операцијата на аневризма

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, успешно се опоравува по операцијата на аневризма и во текот на денот треба да го напушти одделот за интензивна нега.

Портпаролката на ЕК, Мина Андреева рече дека враќањето на Јункер на работа ќе зависи од брзината на закрепнувањето.

Јункер (64) на крајот од месецот ќе ја напушти функцијата, која потоа ќе ја преземе Урсула фон дер Лајен.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата