ДРАГА САМО ТИ НАСПИЈ СЕ: Добриот сон кај жените е важен за бракот

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДРАГА САМО ТИ НАСПИЈ СЕ: Добриот сон кај жените е важен за бракот

Мажи, внимателно! Ако вашата сопруга тешко заспива, вашиот однос може да биде загрозен.

Откриено е дека жените кои имаат проблем да спијат следниот ден имаат повеќе „негативни интеракции“ со партнерот, а уште помалку позитивни, додека нивните сопрузи имаат слична реакција ден откако нивните жени имаат проблематична ноќ.

Сонот е многу важен за секоја жена. Ако спие лошо, тоа во голема мерка влијае на нејзиното расположение и комуникација со сопругот, бидејќи обично се буди нервозна и уморна. За разлика од жените, несоницата кај мажите воопшто не го загрозува нивното расположение.

Значи, драги сопрузи, ако вашата сопруга е нервозна  повеќе од вообичаеното во последните неколку дена, оставете ја добро да се наспие!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата