Во Франција се одбележува годишнина од нападите на ИД

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Франција се одбележува годишнина од нападите на ИД

Франција денеска ја одбележува четвртата годишнина од нападот на Исламска држава во Париз.

Во нападите на 13. ноември 2015 година на националниот стадион, концертната сала Батаклан и баров и ресторани во центарот на градот загинаа 131 лице.  Нападите претежно ги изведоа француски борци за Исламската држава кои екстремистичката група ги пратила на мисија во родната земја.

Денешната комеморација е под сенка на сомнежот дека голем број на регрути од Европа кои војувале за Исламска држава наскоро би можеле да се вратат дома, бидејќи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ги депортира странците кои се бореле за оваа терористичка организација.

Од 2015 година, Турција веќе врати околу 250 француски државјани, вклучувајќи и многу деца родени во Ирак и Сирија.

Француските власти велат дека возрасните биле веднаш задржани во притвор и дека околу 500 лица во моментот се наоѓаат во затвор под обвинение за тероризам.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата