Сопругата на Шумахер конечно со детали за состојбата по тешката несреќа

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на Шумахер конечно со детали за состојбата по тешката несреќа

Поминаа скоро шест години од кобната скијачка несреќа на Михаел Шумахер по која германскиот пилот се наоѓа врзан за болнички кревет. Првпат откако се случи несреќата, во јавноста зборуваше неговата сопруга Корина која рече:

„Ние се обидуваме на секој начин да му помогнеме, во тоа може да бидете сигурни. Зошто е цела оваа тишина околу неговата состојба? Само ја исполнуваме желбата на Михаел целата ситуација да ја чуваме во тајност. Тој направи се за мене, морам и јас да го направам тоа за него“, вели сопругата на големиот Ф1 шампион.

Таа вели дека нејзиниот сопруг е во најдобри можни раце, а доколку има големи промени, јавноста веднаш ќе биде известена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата