Загребачка банка доби нов генерален директор

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загребачка банка доби нов генерален директор

Надзорниот одбор на Загребачка банка ја одобри номинацијата на Далибор Чубела за генерален директор и заменик претседател на Управниот одбор, за што е потребно одобрение од Хрватската народна банка.

Далибор Чубела, во моментов извршен директор на УниКредит банка d.d. во Босна и Херцеговина, ќе го замени Клаудио Цесарио кој ќе ја преземе улогата на заменик-претседател на УниКредит банка во Романија, каде што чека одобрување од Националната банка на Романија.

„Би сакале да му се заблагодариме на Клаудиo за неговиот огромен придонес во изминатите три и пол години, бидејќи тој, заедно со Управниот одбор на Банката, ја дефинираше и имплементираше нашата стратегија, која дополнително ја зајакна водечката позиција на Загребачка банка. Му посакуваме многу успех во Романија“,  посакувајќи му понатамошен успех, Џанфранко Бисагни и Николо Убертали, извршни директори на УниКредит Банка за Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата