НАТО тврди дека не врши притисок на Србија

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО тврди дека не врши притисок на Србија

НАТО никогаш нема да врши притисок на Србија да му се придружи, порача помошникот на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Тачам Илдем. Тој истакна  дека Алијансата ги поддржува преговорите меѓу Белград и Приштина и претставува регионално присуство преку КФОР на Косово

„Сакаме стабилен, безбеден и напреден Западен Балкан“, посочи Илдем на конференцијата „Минуваме низ ѕидови“,  што ја организира Центарот за евроатлантски студии во рамките на Седмата белградска недела на НАТО.

Според Илдем, постојат две клучни причини за тоа.

„Прво, го делиме со вас вашето гледање на демократијата и добрососедските односи со другите земји и со меѓународните организации, Второ, кога соседите на НАТО се безбедни и стабилн, и ние сме безбедни и стабилни“, рече тој.

Илдем нагласи дека НАТО го сфаќа товарот што го носи Србија во зачувувањето на регионалната безбедност и ги поддржува нејзините амбиции за поблиска интеграција со ЕУ.

„Ја сфаќаме одлуката да станете партнер на НАТО, но да не барате членство“, рече Илдем.

Тој истакна дека НАТО не им кажува на своите партнери што да прават, туку само овозможува дијалог по прашањето на безбедносните предизвици. Тој додаде дека НАТО и неговите членки го разбираат правото на секоја земја да води сопствена безбедносна политика и да носи одлуки за тоа како ќе ја применува.

Илдем нагласи дека НАТО сфаќа оти е контроверзен во Србија зашто сеќавањата на воздушната кампања во 1999 година и понатаму е болна за многумина, особено за оние што ги изгубиле саканите.

„НАТО кампањата никогаш не беше против српскиот народ, туку за заштита на цивилите,“ тврди Илдем и додава дека секој изгубен невин живот е трагедија поради која жалат.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата