Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Владата на вчерашната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници.

„Висината на дополнителната субвенција оваа година ќе биде 2 денари за килограм и дополнително проширена. Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти вранец и смедеревка, туку и за сортите кратошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка од реколта 2019, предадени во регистрирани капацитети за производство на вино“, информираат од Министерството за земјоделство.

Од таму додаваат дека со новата дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје, се очекува да се намалат загубите на производителите на винско грозје.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата