Тамара Еклстон ја накити елката шест недели пред Божик

13.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тамара Еклстон ја накити елката шест недели пред Божик

Тамара Еклстон (35) не само што се снабди со божикни украси туку и го украси својот домот. Таа ја накити елката шест недели пред Божик и се пофали на социјалните медиуми.

Наследничката на шефот на Формула 1 го ангажира и семејство. Веќе на почетокот на ноември го извадија своето огромно вештачко дрво и го накитија заедно облечени во црвени празнични пижами.

„Пристигна најубавото време од годината“, напиша Тамара под фотографијата, на која позира со сопругот Џеј Рутланд и ќерката Софија (5).

Тамара е позната по раскошното украсување на својата вила во Лондон за сите празници во годината, како и за родендените на своите најблиски. Таа е сопственик на луксузна вила со дури 57 спални соби. Исто така, има помошен персонал, кој се грижи сè да биде уредно и чисто.

Покрај домашна помошничка, градинар и батлер, таа има и готвачи, како и шетачи на кучиња. Вкупниот број вработени достигнува бројка од 50 лица.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата