Во Уганда уапсени 67 лица по рација во геј бар

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Уганда уапсени 67 лица по рација во геј бар

Во бар во Уганда уапсени се 67 лица од ЛГБТ заедницата, кои ќе останат во затвор под обвинение за „општо загрозување“, соопштија денеска активисти за човекови права во Кампала.

Полицијата и војската во неделата спровеле рација во бар во главниот град Кампала, каде вообичаено се собираат припадници на ЛГБТ заедницата.

Тогаш биле приведени 125 лица, но подоцна 58 се ослободени.

Полицијата тврди дека причина за акцијата била проверка на употребата на тутун, кој е забранет на јавни места, но и поради употреба на опијати во тој локал.

Судија во Кампала соопшти дека уапсените се товарат за „општо загрозување“, што според адвокатите е многу нејасна формулација.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата