Во Грција пропадна предлогот богохулството да биде казниво дело

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Грција пропадна предлогот богохулството да биде казниво дело

Грчките власти денеска се откажаа од плановите богохулството да се прогласи за казниво дело, откако предлогот наиде на бројни критики во парламентот за време на расправата меѓу претставниците на конзервативната Влада и левичарската опозиција.

Министерот за правда, Костас Цијарас, рече дека е повлечен предлог-законот за криминализација на богохулството, потсетувајќи дека со тој предлог била предвидена казна затвор до две години, пренесува агенцијата АП.

Предлогот наиде на бројни критики.

„Само фундаменталистички држави во Азија и на Блискиот Исток имаат такви закони“, изјави опозицискиот пратеник, Спирос Лапас.

Грчката православна црква го поздрави овој предлог-закон, оценувајќи дека тој би помогнал во зачувување на религиските чувства на верниците.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата