Српската манекенка Јована Ѓорѓевиќ, која моментно живее во Италија заслужено ја вбројуваат помеѓу една од најубавите девојки кои потекнуваат од регионот.
Јована на Инстаграм ја следат 300.000 луѓе, а со фотографиите што ги објавува секојдневно, се покажува дека бременоста и мајчинството не се изговор за некој да се запушти.
Таа има две деца со фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ, но сепак нејзиното извајано тело е доказ дека тренирањето и здравиот живот се исплатат!
Манекенката неодамна објави фотографија и видео во кожни панталони и ги запали социјалните медиуми. Таа комбинираше со високи потпетици, а поради своето витко тело доби и многу позитивни коментари.