ВМРО-ДПМНЕ за буџетот: Власта ќе потроши 3,9 милијарди евра на популистички програми

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ за буџетот: Власта ќе потроши 3,9 милијарди евра на популистички програми

Зоран Заев и Нина Ангеловска денеска го презентираа најголемиот буџет во историјата на државата. Власта во 2020 година планира да потроши 3.9 милијарди евра, на популистички и неразвојни програми. Ова го изјави Никола Мицевски, од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

„Заев најде пари за се, само не за капитални инвестиции и други инфраструктурни објекти, кои креираат трајна вредност. Одвојувањето на само 380 милиони евра за капитални инвестиции кога буџетот е проектиран на 3.9 милијарди евра е смешно. Нема пари ниту за нови енергетски капацитети. Ништо од најавените Чебрен и Галиште, пренамената на ТЕЦ Неготино или вложувањата во РЕК Битола и Осломеј. Последните ќе останат средства за испумпување пари за семејството“,  рече Мицески.

Од опозицијата го искоментираа и покачувањето на пензиите.

„Првин им скрати три години по ред по 600 денари покачување, за сега да им ветува само 700 денари. Заев ги оштети пензионерите за 1.800 денари до сега, пари кои ќе ги имаа доколку Заев не беше власт. Дополнително покачувањето на минималната плата со која се фали не се реализира во пракса, бидејќи работниците се принудени да враќаат дел од парите на рака, а институциите не преземаат ништо во однос на тоа“, рече Мицевски.

Во делот на здравството тој рече дека во буџетот нема пари за да се исполни ветувањето за бесплатно здравство, а нема пари ниту за земјоделците, на кои им била ветувана зелена нафта, а завршиле со бонови од 500 денари за само 50.000 земјоделци, во услови кога во државата има над 100.000 земјоделци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата