Ѓорчев до Заев: Зошто толку го штитите најнепопуларниот и најскандалозниот министер во оваа Влада Венко Филипче

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓорчев до Заев: Зошто толку го штитите најнепопуларниот и најскандалозниот министер во оваа Влада Венко Филипче

Пратеникот Владимир Ѓорчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес на собраниската седница посочи дека Венко Филипче е најскандалозниот министер во владата на СДСМ, кој го уништи здравството.

-Господине Заев моите две директни носечки прашања кон Вас се следниве: Прво, зошто толку го штитите најнепопуларниот и најскандалозниот министер во оваа Влада Венко Филипче? И, второ, за што дискутираат Венко Филипче и Вице Заев кога се среќаваат, кога се гледаат, кога дискутираат, запраша Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека Заев како претседател на СДСМ ги има анкетите, ги има податоците дека Венко Филипче е страшен тенк на Владата, дека има огромно незадоволство од него, дека има револт, дека има скандали, дека не ја бива работата.

-Имате анкети во кои што граѓаните гледате и гледаат, и констатираат дека се револтирани од неговото работење , и дека не веруваат во она што тој го работи. Зошто Венко Филипче е најскандалозниот министер во Владата со 28 министри на Зоран Заев, а е најзаштитениот министер? Дали е тоа господине Заев затоа што Венко Филипче се нафати да потпише Клинички Центар од 500 милиони евра кои што со се сите можни анекси, договори и додатоци итн. ќе дојде до 700 милиони евра, истакна Ѓорчев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата