Мицковски: Неспособни, нема никогаш повеќе глас да добиете од слободните граѓани

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицковски: Неспособни, нема никогаш повеќе глас да добиете од слободните граѓани

И поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицковски се придружи на острите критики од јавноста за предлогот на новиот закон за јавни собири, кој власта на СДСМ се обиде да го протне, но беше повлечен по притисокот од граѓаните и граѓанските организации.

Младоста ми помина на граѓански и патриски протести, митинзи, маршови, судири со полиција. Еден куп луѓе своите кариери и време ги жртвуваа да бидат 10 години присутни на улица.

Вие лигави едни, со три години протести и блокирање на градот, со шатори, како готовани дојдовте на власт.

И вие ли лигавици ќе ограничувате право на протест.

И сега сите тие ваши уште полигави компањони и клиенти ќе молчат пред вашиот авторитативен регрес.

До вчера бевте спороводители на една неспособна, нефункционална и криминогена демократура, сега веќе почнувате да функционирате, ама на единствениот друг начин на кој знаете, а тоа е да ги имитирате тие пред вас.

Неспособни, нема никогаш повеќе глас да добиете од слободните граѓани.

Цвикатори, им порача Мицковски на „Фејсбук“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата