Јаулески до Каевски: Лажеш Даре, лажеш како Заев!

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јаулески до Каевски: Лажеш Даре, лажеш како Заев!

Вака кога го слушам Дарко Каевски на телевизија како му тече мед и млеко од уста, како лаже дека се отпочнати постапки, како се реновираат студентските домови, не можам а да не му кажам: - Лажеш Даре, лажеш како Заев, вели претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.

- Ова се реновираните читални и WC – а на Дарко Каевски и СДСМ во студентскиот дом „Кузман”. Ова е сликата за катастрофалната состојба во која живее младата интелигенција во Република Македонија. Македонскиот студент живее во субстандардни услови. Македонскиот студент седи на искршени столчиња во полураспадната читална и учи на слабо светло, основните потреби ги извршува во никакви услови, а навечер постои можност да му прокапе таванот или одрони влажниот ѕид. „Другари”, тоа е вистината. Ништо немате направено и затоа време е да си одите. Толку ви беше. Студентите веќе не можете да ги изманипулирате, пишува Јаулески на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата