Полицијата исели стотина мигранти од зграда во Атина

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата исели стотина мигранти од зграда во Атина

Грчката полиција исели стотина бегалци и мигранти кои окупираа зграда во центарот на Атина.

Зградата еднаш веќе беше евакуирана во април минатата година.

Неколку дена подоцна, мигрантите се вратиле во неа.

Полицијата ги одведе странските државјани во Биро за странци заради идентификација и потоа ќе ги упати во други сместувачки места.

Улицата околу зградата со мигрантите е затворена, пренесува АНА.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата