Јордан Митев со емотивен пост за кандидат кој пее во Гранд, а му побарал матрици од негови песни

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јордан Митев со емотивен пост за кандидат кој пее во Гранд, а му побарал матрици од негови песни

Фолкерот Јордан Митев деновиве признал дека прилично се изненадил кога едно младо момче кое се пријавило во Ѕвездите на Гранд, му се јавило со молба да му испрати матрици од песните со кои сакал да се претстави во шоуто.

Гестот толку го воодушевил Митев што тој дури и му посветил пост на социјалните мрежи во кој напишал:  „Почитувани фанови, пред неколку дена на балканското музичко шоу "Ѕвездите на Гранд" настапи Александар Темелков од Велес. Младо и талентирано момче со одлични вокални способности. Пред отприлика два месеца Александар побара од мене да му испратам неколку матрици од моите песни за да може со истите да настапи на Гранд, што навистина бев пријатно изненаден. Александар нека биде за пример и за останатите од Македонија кој настапуваат на таков тип музички емисии да настапуваат во поголем процент со наша домашна музика, како постара така и понова. Јас иако не ги следам секогаш емисиите во неколку наврати сум слушнал дека и самото жири потенцира на тоа. Браво Александар, ја имаш и мојата подршка и само напред. Младите и вистински таленти секогаш треба максимално да бидат поддржани а не да се затрупуваат за да не можат да пробијат наготе. Ти посакувам успех и победа, а и да не победиш на самото шоу, успехот може да го направиш доколку работиш како што треба!“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата