Поранешната девојка на Овен Вилсон го моли да се грижи за нивната ќерка

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешната девојка на Овен Вилсон го моли да се грижи за нивната ќерка

Американскиот актер Овен Вилсон (50) има три деца со три жени, а неговата најмлада ќерка, едногодишната Лајла, ја доби со 15 години помладата актерка Варуни Вонгсвиет. Тие беа во врска пет години, а минатата година актерот направи тест за татковство, со кој се потврди дека тој ѝ е татко на Лајла.

Актерката го моли да се посвети на одгледувањето на нивната ќерка. Таа рече дека Вилсон воопшто не учествува во одгледувањето на својата ќерка и наводно никогаш не ја запознал, пренесува „Дејли мејл“.

„Тој помага финансиски, но тоа никогаш не беше потребно“, рече Варуни и додаде дека е иронично што Овен постојано играл татковци, но никогаш не ја видел малата Лајла.

„Треба да ја видиш својата ќерка, таа е неверојатна, навистина многу пропушташ. Таа изгледа како тебе“, му рекла актерката на своето поранешно момче.

Покрај Лајла, Овен има два сина од минатите врски, но нив редовно ги посетува и одржува добри односи со нив.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата