(Видео) Почина Тимур, јарецот од руската зоолошка градина познат по пријателството со тигар

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Почина Тимур, јарецот од руската зоолошка градина познат по пријателството со тигар

Јарецот Тимур и тигарот Амур се најдоа во центарот на вниманието во 2015 година кога нтигарот, наместо да го изеде јарецот, кој требаше да му послужи како ручек, му дозволи да живее со него.

Но, на пријателството му дојде крајот. Управата на Зоолошката градина во Владивосток соопшти дека јарецот Тимур починал во присуство на ветеринар.

Необичната станбена заедница опстојувала неколку месеци, а за тоа време Зоолошката барала партнерки за овие животни. Тигрицата Узуру се преселила во Зоолошката, а на Тимур му нашле коза по име Меркел, со која добил и потомство.

Зоолошката градина иницира маркетинг-машинеријата, вклучително и продажба на приврзоци, чаши и компјутерски прибор со нивниот лик.

Во Хабаровск беше направен мјузикл посветен на наводното пријателство: „Како се запознаа Амур и Тимур“.

Неколку месеци откако Тимур се преселил во просториите на Амур, тигарот почнал да го малтретира цимерот. Ситуацијата ескалирала во јануари кога Амур толку силно го турнал Тимур што паднал од карпа.

Оттогаш биле одвоени. Тимур бил одведен во Москва на закрепнување, но очигледно не закрепнал доволно. Според Зоолошката градина, набргу ќе биде положена урна со пепел на Тимур, а во градината ќе биде подигната бронзена статуа во знак на сеќавање на брадестиот убавец.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата