(ФОТО) Големо полициско обезбедување вечерва кај ЕКОЛОГ, кои се гостите?

11.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) Големо полициско обезбедување вечерва кај ЕКОЛОГ, кои се гостите?

Во Тетово вечерва има важни гости.

Дали станува збор за средба помеѓу премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалничката на Тетово Теута Арифи со контраверзниот бизнисмен на Еколог, Љазим Дестани, засега нема официјална информација.

Евидентно е големото полициско обезбедување.

Нема информација дали можеби е дојден некој странски гостин за кого е потребно полициско обезбедување.

Да потсетиме, во Охрид викендов беше обезбедено полициско обезбедување кое наводно, не беше за него, но беше искористено за Александар Сорос, кој оствари ненајавена тајна средба со премиерот Зоран Заев, непосредно пред одржувањето на средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата