Нејзиното тело СИТЕ ГИ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ, но впечатокот го расипа еден детаљ

11.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нејзиното тело СИТЕ ГИ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ, но впечатокот го расипа еден детаљ

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан се појави на доделувањето на наградите „People's Choice“ и сите забележаа дека нејзината линија ја доведува до совршенство.

Иако некогаш ја нарекуваа „грда утка на семејството“ од Кардашијан, по разводот од кошаркарот Ламар Одом, таа се посвети целосно на физичкиот изглед, па затоа започна редовно да тренира, а неколку пати отиде и под нож.

Дека нејзините напорни тренинзи се исплатија, што се гледа по нејзиното тело, сепак многумина се согласуваат дека нејзиното лице е уништено од бројните операции.

Имено, кога таа се појави синоќа во тесен црн фустан, чиј горен дел беше транспарентен, сите останаа без здив од нејзиното совршено тело, но впечатокот го расипа нејзиното лице, за што многумина коментираа дека има премногу шминка и исто така естетски корекции .

Фановите со месеци ја советуваа Клои да престане со операциите, бидејќи таа се повеќе личи на нејзината мајка Крис Џенер. Колку коментарите започнаа да и сметаат, покажува и фактот дека во еден момент таа ја исклучи опцијата за коментари на својот Инстаграм профил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата