Како што рече Вучиќ, така бидна: МУСТАФА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА „МАЛИОТ ШЕНГЕН“

10.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како што рече Вучиќ, така бидна: МУСТАФА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА „МАЛИОТ ШЕНГЕН“

Иса Мустафа истакна дека ова биле „маневри на Србија за наметнување обврски на Европската унија за нормализирање на односите со Косово и признавање на независноста на Косово“.

„Можеби премиерите на Албанија и Северна Македонија имаат јасна идеја каде се интересите на нивните земји, но за Косово такви нема“, се вели во изјавата на претседателот на ДСК, пренесоа косовскитемедиуми.

Мустафа праша „во кои кујни се готват проектите на Царинската унија на земјите од Западен Балкан, Заедничкиот пазар на земјите од Западен Балкан и неодамна подготвуваниот „мини Шенген“ меѓу овие земји“.

На прв поглед, се чини дека е привлечно, додаде Мустафа, но тие во основа водат кон нова Југославија, со Албанија без Хрватска и Словенија.

„Овие се идеи кои не ги одобрувавме додека ја водевме Владата и нема да ги поддржиме како Демократска алијанса на Косово, било на позиција или во опозиција. Исто како што не поддржуваме промена на државните граници на Косово. Косово треба да има за цел еден единствен европски пазар“, истакна Мустафа.

„Мини шенген“ договорите се случија кога проектот замислен во Србија за Царинската унија и идејата за економска унија на земјите од Западен Балкан не беа реализирани, заради спротивставување од Косово и Црна Гора“, истакна Мустафа.

Тој истакна дека ваквите договори доведуваат до состојба дека „Србија собира најмногу средства од даноци, без разлика дали е на границите, без разлика дали е ДДВ, царина, акцизи и во голема мерка во име на Косово (затоа што не ја призна независноста на Косово), затоа што има најдолга граница“ и во другите делови на Албанија, С.Македонија и Црна Гора“.

„Косово не граничи со ниту една земја-членка на ЕУ. Затоа, ние би го пренеле нашиот суверенитет на соседните земји со овој договор, бидејќи е познато дека Шенген (мини или мал) подразбира уникатни политики на земјите-членки за слободно преминување на границите без контрола и тоа би важело и за „мини-шенгенот“ на Србија и поддржувачите на нејзината хегемонија. „Мини-шенген“ политиките ги оддалечуваат земјите од Западен Балкан од патот на европските интеграции и ги ставаат под покровителство на Евроазија, каде доминира Русија“, смета Мустафа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата