Мицкоски: Од она што го ветија, НЕ ИСПОРАЧАА 98%

10.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Од она што го ветија, НЕ ИСПОРАЧАА 98%

Степенот на реализација на проектите ветени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година  заклучно со 1 ноември 2019 години не надминува повеќе од 2%, заклучи денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

  98%  од ветеното не е испорачано. Нека оценат граѓаните дали зборот е збор и дали зборот важи или зборот лажи. Со вакви и слични ветувања по принципот на „all-in“ ,по принципот на примитивизмот „мало сутра“ „тепсијата и баклавата“  и слично ќе се изнаслушаме  на следните предвремени парламентарни избори  и во кампањата.

Јас верувам во исклучителната голема мудрост на граѓаните и верувам во довербата која што ќе ја добие „Обновата на Македонија“ на 12 Април 2020 година.

Facebook0TwitterEmail

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата