ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО НА БИТПАЗАР: Крадци пукале - ни крив ни должен ранет е хигиеничар од Комунална хигиена

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО НА БИТПАЗАР: Крадци пукале - ни крив ни должен ранет е хигиеничар од Комунална хигиена

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога вечерва на Бит Пазар, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информаци, повредениот ја метел улицата во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во метларот. Куршумот го погодил човекот во ногата, а крадите се разбегале.

Полицијата веднаш реагирала и биле фатени неколку провалници, но лицето што пукало успело да избега. Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.

Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.

- Околу 20 часот на бројот 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата