Исчезна 12 годишно девојче во Скопје

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исчезна 12 годишно девојче во Скопје

Исчезна 12 годишно девојче од Центарот за социјална работа. Според информациите на МВР, вчера во 14.00 часот во Полициска станица Драчево, старател од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје-Центар, пријавила дека од домот се оддалечила А.Б.(12).

Се претпоставува дека малолетничката е со нејзината постара сестра М.Б. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето кое е пријавено за исчезнато.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата